Лекиќ: Лунде беше одлична, многу работи кај нас не функционираа во ова финале

Ракометарките на Вајперс Кристиансанд и трета сезона во низа се европски шампионки! Во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, Норвежанките беа подобри од Ференцварош со 28-24 (14-13).

Унгарките кои играа како домаќинки во „МВМ Дом“ пред преполни трибини и со огромна поддршка парираа само едно полувреме. Искусната голманка Катрин Лунде беше „алфа и омега“ на својата екипа, бидејќи финишира со 17 интервенции, дел од нив кога се кршеше резултатот. На изданието на голманката, пофалби даде некогашната вардарка Андреа Лекиќ.

„Натпреварот го загубивме на почетокот на вториот дел. Тогаш Вајпер изгради недостижна разлика, Лунде беше неверојатна на голот кога требаше. Одбраната не беше на ниво, но многу работи вечерва ќе функционираа. Лошо го отворивме финалето со 5-1, а потоа кога бркате еден силен тим, многу тешко се стигнува до пресврт. Норвежанките се подобри, поискусни се од нас во овие натпревари, но не одигравме како што знаеме. Плус, Лунде се разбрани кога ним им требаше. 

Ова е историски успех за Ференцварош. Никој не би се обложил на наше учество на Ф4 пред почетокот на сезоната. Горда сум на екипата, реализиравме чуда за кои ќе се прераскажува. Ова е лекција за оваа млада екипа. Не знам колку јас ќе имам шанса за Ф4, но сигурно ќе играм и следната сезона“, ни изјави Лекиќ веднаш по финалето. 

Србинката во мечот за титула беше најефикасен играч на Ференцварош, тим кој го играше првото европско финале по она со Кометал Ѓорче Петров.