Лекиќ и Вјахирева блескаа, возбудливо реми на Ростов и ЦСМ Букурешт

ЦСМ Букурешт и Ростов Дон одиграа супер-возбудлив натпревар во женската ракометна Лига на шампиони и истиот во рамки на 2. коло од групната фаза заврши без победник (23-23).

Двете екипи си го предаваа водството константно, играа гол за гол, а во поголемиот дел од мечот ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола.

ЦСМ Букурешт влезе со минимална предност во последните две минути (23-22), а во наредните 180 секунди, двете екипи направија грешки во избрзани напади, па падна само еден гол доволен за реми кој го постигна Кожокар.

Симултанка кај ЦСМ Букурешт имаше некогашната вардарка Андреа Лекиќ која мечот го заврши со седум гола и беше најдобар стрелец кај домаќинот. За Ростов Дон, Вјахирева беше прва виолина со вкупно 12 гола.