Лекаи погоди во последна секунда, Веспрем без Манасков едвај победи со Ѓенѓеш

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем се намачи, ама го победи Ѓенѓеш (26-25) и остана перфектен со 12 победи на 12 меча во домашното првенство.

Дејан Манасков доби поштеда поради напорниот распоред на домашната сцена и во Лигата на шампионите, а фаворитот на хартија до посакуваниот триумф дојде во последната секунда.

Човек на одлука беше Мате Лекаи, кој погоди пред самиот истек на времето и донесе радост за домаќините. Најефикасен во победата беше Мае со пет гола, а Јахја, Мораеш, Тонесен и Штрлек дадоа по три погодока. Кај гостинот, Маркез имаше пет реализации.

Веспрем е единствениот максимален тим во унгарското првенство и сигурно чекори кон нова титула на домашната сцена.