Легендата во солзи кажа збогум: Карабатиќ се прости од ракометот

Легендарниот француски ракометар Никола Карабатиќ по елиминацијата на Франција од Летните Олимписки Игри оди во пензија и ја заврши професионалната кариера.

40-годишниот Карабатиќ важи за еден од најдобрите ракометари во историјата и воедно играчот со најмногу освоени одличја на големата сцена. Круна на кариерата на Французинот се очекуваше да бидат Летните Олимписки Игри во Париз во 2024 година, но „триколорите“ испаднаа уште на првата нокаут-пречка.

За Карабатиќ оваа сезона беше 22. професионална во кариерата. Бекот трипати беше европски првак со Монпелје, Кил и Барселона, додека со Франција трипати ја освои олимписката титула, има едно сребро.

Исто така, Карабатиќ четири пати беше светски првак, а трипати го освои и Европското првенство.