• Мартин Танасковски
Норвешкиот првак Скјерн заврши добра работа и со нов договор го врза најдобриот играч Бјарте Мирхол, кој во тимот ќе остане до крајот на кариерата.
Мирхол, кој има 36 години, игра одлично во дресот на норвешката репрезентација и покрај тоа што е во четвртата деценија од животот. Пивотот реши да се обврзе на нов договор со Скјерн кој ќе трае до 2022 година, а како причина за останување во Данска го наведе семејството.
Искусниот ракометар со Норвешка играше двапати во финалето на Мундијалите, во 2017 и 2019 година. Мирхол истакна дека ова многу веројатно ќе биде негов последен професионален договор во кариерата.
36-годишниот ракометар е дел од Скјерн од 2015 година, а претходно настапуваше за Рајн Некар Левен, Нордхорн, Веспрем, Сандефјорд и Вестли.