ФОТО: Легендата Карачиќ се врати „дома“ и доби братски прегратки!

Игор Карачиќ повторно е во Скопје, се врати „дома“, но овој пат во дресот на полски Киелце кој ќе игра со Вардар во Лигата на шампионите.

На повеќе од еден час пред натпреварот, играчите излегоа на загревање, а Карачиќ се поздрави со поранешните клупски колеги. Доби братски прегратки, а двете страни си порачаа - подобриот нека победи.

Карачиќ е вардарова икона, миленик на „Комитите“ и на публиката. Долги години го носеше „црвено-црниот“ дрес и беше важен дел од костурот на тимот кој освои две европски титули.

Трансферот во Киелце, Хрватот го направи пред стартот на оваа сезона.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 9 6 2 1 281:250 31 14
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 9 0 2 7 264:294 -30 2
8 Мешков БрестМешков Брест 1 8 1 0 7 219:251 -32 2