Легендарните светски рекорди на Лазаров и Балиќ – никој не беше ниту близу до нив

Хрватската ракометна легенда Ивано Балиќ и македонскиот капитен Кирил Лазаров играа заедно во Атлетико Мадрид, но и држат два легендарни рекорди на Светските првенства (СП) кои тешко дека некој ќе ги достигне во блиска иднина.

Поранешниот капитен на Хрватска шест пати по ред се најде во „ол-стар“ тимот на Мундијалите. Сагосен во Египет можеше да дојде до пет, но прерано испадна од натпреварувањето. Така, рекордот на 41-годишникот уште долго ќе стои недопрен.

Кирил Лазаров, пак, со 92 гола на СП 2009 во Хрватска стана најефикасен на еден Мундијал. На Мундијалот во Египет, најдобар беше Франкис Марцо од Катар со 58 гола, повторно далеку, далеку, зад македонскиот „бомбардер“...

Најблиску до Лазаров беше Микел Хансен во 2019 година кога постигна 72 гола.