Легенда до легенда: Дрим-тимот на Веспрем изгледа застрашувачки

Веспрем е последен шампион на Унгарија, а и оваа сезона тимот беше лидер, но сезоната се прекина поради коронавирусот. Клубот реши да направи анкета за најдобриот тим во историјата, а кога ќе се погледнат имињата кои победија, унгарскиот колектив изгледа застрашувачки.

Навивачите ги одбраа најдобрите, а меѓу нив немаше место за македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој го носеше дресот на Веспрем од 2002 до 2007 година. Очекувано, на позицијата на Кире се најде клупската легенда Ласло Наѓ.

  • Дрим-тимот на Веспрем:

ГОЛМАН: Арпад Штербик
КРУЖЕН НАПАЃАЧ: Андреас Нилсон
ДЕСНО КРИЛО: Мирза Џомба
ЛЕВО КРИЛО: Иванчик Герго
ДЕСЕН БЕК: Ласло Наѓ
ЛЕВ БЕК: Карлос Перез
СРЕДЕН БЕК: Елеф Жозеф

Екипата на Веспрем зад своето име има 26 титули во првенството Унгарија што е апсолутен рекорд, а идентична е ситуацијата и во Купот на Унгарија, каде тимот исто така е рекордер со 27 освоени трофеи. Единствено нешто што недостасува е титула во Лигата на шампионите, каде се има четири загубени финалиња.