Лазовиќ ќе игра пак со Лекиќ, Радичевиќ и Цвијиќ - во ЦСМ Букурешт

Барбара Лазовиќ, ракометарката на ЖРК Вардар, пронајде нов ангажман и својата кариера ќе ја продолжи во Романија каде ќе го носи дресот на ЦСМ Букурешт.

Она што се најавуваше пред дваесетина дена, денес доби потврда. Романскиот тим го искористи егзодусот на македонскиот тим и Лазовиќ е четвртата ракометарка која ја носи во својот тим. Претходно, тимот ги официјализира договорите со Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ.

Со ангажманите на четирите вардарки, ЦСМ Букурешт само ги потврдува амбициите повторно да се врати на европскиот шампионски трон.