• Горан Упале
Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Македонија ќе се натпреварува во групата 1 против фаворитот Словенија, и аутсајдерит од Балтикот, Литванија и Естонија.
„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија. Додека со Словенците ќе пробаме да извојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди олимписка виза за Париз 2024 година“, рече Лазаров.
Квалификациите ќе ги започнеме на свој терен против Естонија, додека натпреварите со Словенија ги играме во третото и четвртото коло.