Лазаров во „дрим-тимот“ на последното коло во францускиот шампионат

Кирил Лазаров постигна шест гола за Нант во ремито против Аикс. Тоа беше доволно за „Л'Екип“ да го смести во иделниот тим на 17. коло во француското првенство.

Подобар стрелец од македонскиот репрезентативец беше само Валеро Ривера со седум реализации.

Идеален тим на 17. коло:

  • Лево крило: Лукас Пелас (Монпелје)
  • Лев бек: Торбен Петерсен (Истрес)
  • Среден центар: Ахмед Хешам (Нимс)
  • Десен бек: Кирил Лазаров (Нант)
  • Десно крило: Педро Портела (Трембле)
  • Кружен напаѓач: Артур Лен (Монпелје)
  • Голман: Јасин Идриси (Лимож)
  • Најдобар дефанзивец: Карл Конан (Aикс Прованс) 

Нант остана на петтото место на табелата, но има неколку одложени меча за одигрување.