Лазаров: Учев од Червар, Душебаев, Пасквал... време е да создадам мој модел!

Кирил Лазаров е пред прв предизвик како селектор и играч во македонската ракометна репрезентација. Легендата која остави длабока трага во нашиот ракомет ќе има нова улога, а во интервју за ЕХФ говореше за претстојните предизвици.

Лазаров ќе биде на клупата, а ќе му помагаат уште Ацо Јоноски, Филип Миркуловски и Билјана Црвенковска. Капитенот-селектор вели дека низ кариерата работел со многу тренери и учел од нив, но сега е време да создаде свој модел

„Да седам на клупата на репрезентацијата од мојата земја е огромна чест. Дали имам притисок? Секако, затоа што се сакаат резултати. Ама успехот нема да дојде сам само затоа што јас сум Кирил Лазаров. Каков тренер ќе бидам, секогаш ме прашуваат. Учев од Лино Червар, Талант Душебаев, Чави Пасквал, тие имаа големо влијание на мене, не само како играч, туку и како човек. Тие доаѓаат од различни места, имаат различни биографии. Време е да ставам се на едно место и да креирам мој модел. Време е да ги извадам белешките од пред 20 години. Ракометна тактика, спортска психологија, мотивација, како да останеш на врвот по победата, сите мои идеи се таму“, вели Лазаров.

Целосното интервју на Лазаров за ЕХФ можете да го прочитате ОВДЕ. Први предизвици за Лазаров како селектор-играч ќе бидат двата натпревари против светскиот првак Данска.