Лазаров: Треба добро да ги искористиме десетте дена до почетокот на Мундијалот

Вечерва во спортската сала во Автокоманда, македонската машка ракометна репрезентација ќе го одигра вториот пријателски натпревар против БиХ во рамките на подготовките за Мундијалот. По вчерашната победа во СРЦ „Кале“ со 28-24, капитенот Кире Лазаров искажа задоволство од првите вибрации на новата Македонија

„Имавме добри и лоши моменти во синоќешниот натпревар. Ова е прв натпревар и треба да бидеме задоволни, но и треба да ги исправиме грешките. Нашиот стручен штаб по овој натпревар има појасна слика за можностите на оваа селекција. Треба добро да ги искористиме овие десет дена, колку што останува до почетокот на Светското првенство. Имаме позитивни, но и негативни страни кои треба да ги отстраниме. Но, јас сум сепак оптимист, иако првпат одиме на едно натпреварување како аутсајдери.“, рече капитенот.

Лазаров постигна пет гола во вчерашниот меч против избраниците на Билал Шуман. За него Светското првенство во Франција ќе биде петто во кариерата по учествата во Египет, Хрватска, Шпанија и Катар