Лазаров: Тестот е позитивен, немам симптоми, ме чека изолација...

Македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров потврди дека е еден од позитивните на ковид-19 во редовите на Нант. Двајца играчи од францускиот тим покажале позитивни тестови, а еден од нив е на нашиот најдобар ракометар.

Ракометната легенда се чувствува добро, нема симптоми, а моментално е изолиран од тимот. Ќе биде далеку од екипата и нема да тренира, се додека не добие негативни тестови на следните тестирања.

„Тестот е позитивен, но јас сум во ред. Моментално сум без симтпоми и се е под контрола. Ме чека изолација која е предвидена да трае седум дена, па повторно ќе следат тестови за да се утврди мојата состојба“, ни изјави Лазаров.

Покрај Лазаров, француските медиуми објавија дека позитивен на ковид-19 е шпанскиот ракометар Адриа Фигуерас