Лазаров стрелаше трипати, но додаде и пет асистенции во новиот триумф на Нант

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и неговиот Нант слават уште една победа во францускиот шампионат, затоа што на гостински терен кај Кретеј дојдоа до бодови со сигурен триумф (27-34).

Гостите важеа за апсолутни фаворити на оваа средба и на терен ја оправдаа и покрај дванаесетте одбрани на голманот Микаел. Кирил Лазаров на овој дуел шутна петпати и постигна три гола, а имаше важна улога во тимот затоа што додаде и пет асистенции.

Најдобар кај Нант беше Емерик Мин со осум гола, го следеше Турна со шест погодока, додека кај Кретеј прво име беше Робин Молини со пет постигнати гола.