Лазаров со златен гол му донесе реми на Нант кај ГОГ!

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, беше јунак на својот Нант во Европската лига на ЕХФ во дуелот со ГОГ Гудме.

Мечот меѓу ГОГ и Нант во Данска заврши без победник (29-29), а токму Лазаров на десетина секунди пред крајот го постигна погодокот вреден бод на тешкото гостување за францускиот претставник во новото натпреварување на ЕХФ.

  • ГОГ Гудме - Нант 29-29:

Лазаров натпреварот го заврши со пет гола од осум обида и беше втор стрелец кај Нант, веднаш зад Бриет кој имаше шест реализации. Кај ГОГ, Питлик и Толбринг тресеа мрежи по седум пати.

Нант по пет одиграни кола има три победи, едно реми и еден пораз и се наоѓа на третото место.

  • Кадетен Шафхаузен - АЕК Атина 30-26:

На останатите натпревари во Европската лига на ЕХФ, Кадетен Шафхаузен дома го победи АЕК (30-26), Лемго беше подобар од Чеховски Медведи (30-27), Ним се справи со Татабања (24-22), додека Савехоф во возбудлив меч беше подобар од Аикс (33-31).