ФОТО: Лазаров со специјални патики со македонското знаме ќе настапи на Ф4 во Келн!

Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров по деветти пат во својата кариера ќе игра во едно полуфинале од ракометната Лига на шампионите. Со својот Нант веќе се подготвува за настапите на Ф4 турнирот во Келн, каде во борбата за финале за противник ќе ја имаат големата Барселона. 

На ова полуфинале, кое најверојатно ќе биде и негово последно во богата кариера, Лазаров ќе настапи со специјални „Хумел“ патики, на кои стојат неговите иницијали „К.Л. 7“, како и македонското знаме.

  • Специјалните патики со кои Лазаров ќе игра на завршницата во Келн:

Дуелот меѓу Барселона и Нант e закажан за в сабота, со почеток од 18:00 часот, а претходно во „Ланксес“ арената ќе се судрат ПСЖ и Алборг.