Лазаров со шест голa го „скрши“ Тулуз, Нант остана максимален во Франција

Ако во Лигата на шампионите загуби два натпревари, во францускиот шампионат екипата на Нант продолжува со серијата победи. Во третиот дуел од шампионатот, Нант го совлада Тулуз со 31-28 (15-13), во надигрување до самиот финиш, во кое поискусниот тим на Алберто Ентрериос стигна до победата. 

Лазаров постигна шест гола, погодуваше кога најмногу требаше и покажа зошто е лидер на овааа млада генерација на ракометари на Нант. Лазаров пет пати од игра и еднаш од линијата од седум метри ја погоди противничката мрежа. Ефикасни како и Лазаров беа Шпанците Ривера и Фигуерас, исто така автори на по шест погодоци. Немања Илиќ со седум и Абди Ајуб со пет гола беа најефикасни кај поразениот тим на Тулуз, противник на Металург во групната фаза на Лига Европа. 

Вечерва значајна гостинска победа запиша Монпелје во Ним (24-25), а Данкерк со цел плен се враќа од Иври (20-23). 

Нант и ПСЖ се издвоија на врвот на табелата со по три победи од три натпревари и се предвидува уште поизедначена борба за минатата сезона. Следен ривал на Нант е тимот на Монпелје, в понеделник во 17:00 часот.