ВИДЕО: Лазаров со пеколно тајм-аут шоу го „разбуди“ својот тим со Вардар

Ракометарите на Алкалоид не се посрамотија и одиграа максимално рамноправно со шампионот Вардар 1961, но го загубија натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ со 28-25. Искуството беше пресудно на овој дуел, вардарци покажаа дека иако имаат кратка клупа, можат да се носат со притисокот.

Токму тоа искуство ги поведе во вториот дел со младиот скопски ривал, па Вардар дојде првпат на предност од 21-17 користејќи ги грешките. Тоа го натера Кирил Лазаров да свика тајм-аут, а играчите не беа дочекани со топли зборови. Македонската легенда ги загуби нервите, викаше по своите избраници на цел глас, делејќи критики, таму каде што беше потребно. 

  • Пеколниот тајм-аут на Лазаров: 

Младите момчиња немо го гледаа својот тренер, меѓутоа одговорија на теренот. Алкалоид од тој момент успеа прво да направи серија од 5-0, а потоа и 7-1 со што дојде до предност и најави неизвесен дуел до крајот.