Лазаров: Со патриотизам и национален набој може да парираме секому!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, по победата на првиот мундијалски меч против Јапонија истакна дека е задоволен од успешниот старт, но дека не смее да дозволиме овој триумф да не крене во облаци, пред наредните предизвици.

„Резултатот вели дека победата е лесна, но не беше така. Доста се спремавме за овој меч и тоа добри три-четири дена. Се боревме 50 минути, но не ми се допаднаа некои работи и правевме неодговорни шутеви. Меѓутоа, ова е нова репрезентација, треба да се гради и играчите мора да созреваат. Ова е голема победа за нас и младите играчи. Одиме чекор по чекор. Нема да биде воопшто лесно против Бахреин. Сега малку да се одмориме, имаме мал недостаток на квалитет, но свесни сме сите дека само со патриотизам и национален набој може да парираме секому“, изјави Лазаров.

Најдобриот македонски ракометар мечот против Јапонија го заврши како прв стрелец, со осум постигнати гола и ја продлабочи својата легенда која вели дека веќе двапати беше најдобар стрелец на Светските првенства и прв е на вечната мундијалска листа. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0