Лазаров со Манасков, Талески и Томовски на Медитеранските игри

Репрезентацијата на Македонија на крајот на месец јуни и почетокот на јули ќе настапи на Медитеранските игри кои ќе се одржат во Алжир, во градот Оран. Селекторот на сениорската репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на повикани ракометари за првиот собир.

Бидејќи се работи летен турнир, Лазаров ќе даде шанса на повеќе млади ракометари кои се потенцијални репрезентативци во иднина. Од поискусните во составот се најдоа Филип Талески, Мартин Томовски и повратникот Дејан Манасков, додека има доста млади имиња, а дел од нив веќе се стандардни на списоците. 

  • Списокот на повикани ракометари за Медитеранските игри:

Времето на првиот репрезентативен собир ќе биде дополнително соопштенo, а турнирот е закажан од 26 јуни до петти јули.