Лазаров со „двојка“ се врати во тимот, нов триумф за Нант

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, се врати во тимот на Нант и тоа со победа во рамки на Лидл Старлигата.

Нант на гостински терен во дуел со мал број на голови дојде до триумф кај Данкерк (20-25), а Лазаров првпат играше откако го прележа вирусот ковид-19. Најдобриот македонски ракометар постигна два гола, од вкупно пет обида.

Најефикасен кај Нант беше Ривера со пет постигнати гола, пред Фигуерас и Мине со по четири постигнати гола, додека кај Данкерк, Пелајо реализира четири пати.

За Нант ова беше шеста победа во осмото коло од францускиот шампионат.