Лазаров се врати со два гола во дресот на Нант

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, се врати во составот на Нант, во дуелот против Истр кој заврши со сигурна победа на фаворитот на хартија (38-27).

Лазаров на овој натпревар имаше лимитирана минутажа и успеа да постигне два гола од вкупно четири обида. Најдобри кај Нант беа Ривера со девет и Фигеирас со шест постигнати гола, додека кај Истр, Нилсен имаше седум реализации.

Нант е на петтото место во француската Лидл Старлига со 17 бода и до крајот на сезоната го чека борба за место во еврокуповите.