Лазаров се враќа во елитата? Нант побара „валјд-карта“ за учество во ЛШ

Постои голема можност македонскиот ракометен капитен, Кирил Лазаров, по пауза од една година да се врати во ракометната елитата, откако неговиот Нант побара „вајлд-карта“ за учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Францускиот гигант оваа сезона која не се заврши поради корона-кризата настапуваше во Купот на ЕХФ, каде бележеше големи успеси, додека домашниот шампионат го заврши на второто место, веднаш зад шампионот ПСЖ.

Од редовите на Нант се оптимисти дека ќе добијат позитивен одговор од страна на ЕХФ, пред сè заради високите амбиции кои ги постави клубот за следната сезона.  

Идната сезона најверојатно ќе биде последна на Лазаров во дресот на Нант (договорот му истекува во јуни 2021), па сигурно негова голема желба е уште еднаш да му помогне на тимот во европската елита, каде пред две сезони играше на завршницата во Келн.