• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија ја очекува настап на Европското првенство кое ќе се одржи во Германија. Пред нашиот национален тим е тешка мисија, бидејќи ќе игра во група со домаќинот и гигантот Франција, како и Швајцарија.
Селекторот Кирил Лазаров го соопшти поширокиот список на повикани ракометари за собирот. На списокот има 35 имиња од кои селекторот ќе одбере со кои имиња ќе замине за Германија. Во изборот има повратници, новајлии и веројатно целиот „арсенал“ со кој располага Македонија.
- Поширок список ракометари за Европското првенство:
Голмани
Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Вардар), Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер), Иван Галевски (Алкалоид)
Леви крила
Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2), Димитар Димитриоски (Ваљадолид), Никола Костески (Плзен), Цветан Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Гоце Ојлески (Охрид)
Десни крила
Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Никола Стоилески (Охрид), Мартин Поповски (Амичитиа)
Леви бекови
Филип Талески (Бенфика), Иван Џонов (Алкалоид), Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер), Марко Мишевски (Вардар), Михајло Младеновиќ (Алкалоид), Томче Стојановски (Бутел)
Десни бекови
Томислав Јагуриновски (Вардар), Филип Николов (Бутел), Давид Савревски (Алкалоид), Мартин Велковски (Алкалоид), Мартин Серафимов (Алкалоид)
Средни бекови
Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Игор Ѓорѓиев (Алкалоид), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Марко Митев (Алкалоид), Едвин Омерагиќ (Алкалоид)
Кружни напаѓачи
Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар), Никола Маркоски (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Михаил Аларов (Вардар), Валентин Карасманакис (Мулти Есенс)
Интересно е што повик има и за младиот Николас Најденовски, момче кое настапува за шведски Луги. Се работи за 17-годишен талент кој има шведски пасош и беше дел од младите категории на оваа земја, а има македонско потекло.
Македонија ќе ја отвори групата против Франција на 10 јануари. Четири дена подоцна следи мечот со Германците, а последниот дуел е на 16. со Швајцарија.