Лазаров погоди двапати, Нант едвај спаси бод со Тулуз

Кирил Лазаров и неговиот Нант беа на прагот да загубат од Тулуз, но во финишот се спасија (29-29), ама ја прекинаа победничката низа во француската Лидл Старлига која броеше четири триумфи во низа.

Фаворитот на хартија беше изненаден во Тулуз и тоа поради лошото второ полувреме. На паузата Лазаров и соиграчите имаа еден гол предност (13-14), а откако Тулуз константно водеше со два до три гола разлика, во последната минута Ривера и Бриет стрелаа двапати во низа и од 29-27 донесоа реми.

Лазаров натпреварот го заврши со два постигнати гола од четири обида. Имаше и уште две асистенции. Најдобар кај Нант беше Ривера со осум гола. Кај Тулуз се истакнаа Илиќ и Борзас со по осум гола, а голманот Де Алмеида имаше 16 одбрани.