Лазаров поефикасен од Кузмановски, но Магдебург носи полн плен од Нант

Македонското дерби меѓу Лазаров и Кузмановски во ЕХФ Купот инвидуално му припадна на капитенот на репрезентацијата на Македонија, но Магдебург со победа се враќа од Нант и изби на врвот на групата Ц во ЕХФ Купот по третото коло. Германците му го нанесоа првиот пораз во официјален натпревар во 2020 година на Нант, откако славеа во изедначен дуел со 28-31 (10-16).

Првото полувреме им припадна на Германците, играа одлично во нападот, а и одбраната и голманите им делуваа подобро од домашниот Нант. Но, работите се сменија во вториот дел. По 10-16 на полувреме, Алберто Ентрериос им одржал лекција на ракометарите во соблекувалната и францускиот претставник во ЕХФ Купот реагираше. 

Лазаров и Белегер постигнаа серија на голови и за половина полувреме се стопи предноста на Магдебург. Во 51. минута од натпреварот Нант го комплетираше пресвртот и поведе со голема психолошка предност. Сепак, Магдебург се врати и преку Ерик Шмит и Данецот Дамгарт дојде до предност од 27-28 на две минути до крајот. Нант не реализира неколку напади по ред и Муше и Дамгарт го зададоа завршниот удар, за победа од 28-31 за Магдебург. Последниот гол на натпреварот беше дело на нашиот Кузмановски, кој ја потврди победата на гостинската екипа. 

Кирил Лазаров постигна шест гола кај домаќините, а Филип Кузмановски трипати се запиша меѓу стрелците во гостинскиот табор. Покрај Лазаров, Шпанецот Белегер со пет гола се истакна кај Нант, а во германскиот тим најефикасни беа Шмит со седум и Дамгарт со шест гола.  

Во вториот натпревар од третото коло на групата Ц, словенечкиот Горење вчера славеше во Шпанија против Адемар Леон со 23-26. Во четвртото коло пак ќе се сретнат Магдебург и Нант, но овојпат на германско тло. 

ЕХФ Куп, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 НантНант 1 1 0 0 34:28 6 2
2 МагдебургМагдебург 1 1 0 0 32:26 6 2
3 Адемар ЛеонАдемар Леон 1 0 0 1 28:34 -6 0
4 ГорењеГорење 1 0 0 1 26:32 -6 0