Лазаров: Овој Веспрем беше победлив, но вечерва имаше одличен голман

Во на моменти спектакуларен натпревар, Веспрем ги однесе бодовите од Нант, во соочување во кое меѓу најдобрите поединци беа двајцата македонски репрезентативци, Кире Лазаров и Дејан Манасков.

На официјалната прес-конференција по поразот од 24-28, Лазаров потенцираше дека овој Веспрем вечерва беше победлив и францускиот вицешампион пропушти шанса да го изненади. 

„Вечерва имавме шанса да го победиме Веспрем. Секако дека ја заслужија победата, имаат одлилчен ростер и може да ја освојат Лигата на шампионите. Вечерва имаа и одличен голман. Нам ни преостанува да се разбудиме и да се поправиме против Кил и Барселона. Ова е само почеток на сезоната, имаме добар тим и сигурен сум дека ќе бидеме само подобри во продолжението на Лигата на шампионите“, истакна капитенот на македонската репрезентација.

Со петте гола вечерва против европскиот вицешампион, Лазаров се зацврсти на првото место на вечната листа на најсилното клупско натпреварување во Европа.