Лазаров остана без медал, ПСЖ е бронзен на Ф4 во Келн

Македонскиот ракометар Кирил Лазаров остана без медал на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите откако во „малото финале“ во француската пресметка загуби од ПСЖ (26-30).

Дуелот почна во знакот на Нант, но пред крајот на првиот дел резултатот се сврти во корист на ПСЖ и тимот диктираше игра. Беше 12-12, кога избраниците на Гонзалез постигнаа три гола во низа, залиха која остана и на паузата (13-17), а иако во второто полувреме Нант во еден момент фати приклучок (24-24), сепак, остана со празни раце.

Најдобар кај стрелците кај ПСЖ беше Соле со пет постигнати гола, пред Ремили со четири, додека по трипати стрелаа Кристопанс, Кунку, Шипжак и Нахи. Кај Нант, Мине имаше пет гола. Нашиот Лазаров даде еден гол од три обида.

  • Голот на Лазаров на натпреварот против ПСЖ: