• Мартин Танасковски
Алкалоид остана перфектен на домашната сцена и по второто коло, со победа над ГРК Охрид како гостин (28-22) на првото гостување сезонава. По мечот тренерот Кирил Лазаров им честита на своите избраници за изданието, но и на охриѓани и за целото раководство поради функционирањето на клубот.
„Можам да кажам дека сум задоволен од тимот и од играчите и на начинот на кој дојдовме до победа. Имавме максимален респект за Охрид, и ќе го имаме во иднина затоа што се работи за одлична екипа. Мислам дека главната причина за победата беше што рано се одлепивме, противникот потроши доста енергија да се врати. И успеа да се врати, но потоа со играчите од нашата ротација го скршивме мечот пак во наша полза, против екстра-квалитетен ривал, кој секоја година е поквалитетен, со квалитетни играчи. Сакам да му честитам на Охрид за прикажаното досега и за луѓето кои со голем ентузијазам и страст вложуваат во ракометот. Нам како ракометна нација ни се потребни вакви луѓе. Потребна ни е силна лига, за да имаме силна ракометна селекција. Почит за сите кои го водат ГРК Охрид, од раководство, па до стручен штаб, како и играчите, верувам дека овој тим ќе расте од година во година“, изјави Лазаров за „Мнет“.
Во следното коло од Суперлигата, РК Алкалоид игра против Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен, додека ГРК Охрид гостува кај МРК Куманово.