Лазаров објави поширок список за Финска и Швајцарија, има шест нови играчи!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за последните два квалификациски меча од циклусот за ЕП 2022 против Финска и Швајцарија.

Вкупно на списокот има 35 ракометари, а Лазаров реши да повика шест нови имиња меѓу оние кои кандидираат за настап во најквалитетниот национален тим.

Новајлии се голманот Васил Гогов кој има искуство со Вардар во Лигата на шампионите, крилото Дарко Кондев од Тиквеш, како и бековите Марко Стојковиќ (Голден Арт КЛ7), Давид Саврески (Работнички), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) и Марко Митев (РК Бутел).

Сениорите прво ќе гостуваат во Финска на 28 април, додека на 2 мај CЦ „Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

  • Поширокиот список на Кирил Лазаров: