• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи на уште едно големо натпреварување овој јануари. Сега на „менито“ е Европското првенство, а селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за настап.
Во изборот на кормиларот на ракометарите има само двајца интернационалци, а тоа се голманот Мартин Томовски кој блеска во Битигхајм, како и левиот бек со изразени дефанзивни карактеристики, Михајло Младеновиќ од Кретеј. Сите останати ракометари на списокот со 35 имиња доаѓаат од домашното првенство.
- Поширокиот список на Македонија за ЕП:
Голмани:
Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Томовски (Битигхајм, Германија)
Марко Кизиќ (Алкалоид)
Иван Галевски (Алкалоид)
Васил Гогов (Вардар 1961)
Леви крила:
Гоце Ојлески (Охрид)
Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Иван Џонов (Алкалоид)
Марио Стојановски (Вардар 1961)
Димитар Димитриоски (Прилеп)
Десни крила:
Никола Костески (Алкалоид)
Ненад Костески (Алкалоид)
Ален Ќосевски (Вардар 1961)
Александар Петковски (Алкалоид)
Средни бекови:
Игор Ѓорѓиев (Алкалоид)
Марко Митев (Алкалоид)
Дамјан Митев (Алкалоид)
Марио Танкоски (Вардар 1961)
Мартин Ивановски (Алкалоид)
Десни бекови:
Мартин Серафимов (Алкалоид)
Томислав Јагуриновски (Охрид)
Филип Николов (Бутел Скопје)
Мартин Велковски (Алкалоид)
Давид Савревски (Охрид)
Леви бекови:
Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид)
Михајло Младеновиќ (Кретеил, Франција)
Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
Милан Лазаревски (Вардар 1961)
Валентин Карасманакис (Алкалоид)
Марко Стојковиќ (Алкалоид)
Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер
Дефанзивци:
Никола Маркоски (Алкалоид)
Михаил Аларов (Алкалоид)
Македонија ќе се натпреварува во групата Б во Хернинг против домаќинот Данска, Романија и Португалија. Двете најдобропласирани селекции одат во следната фаза.
