Лазаров објави поширок список со 35 ракометари за Естонија и Литванија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за дуелите против Естонија и Литванија во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2026 година.

Меѓу повиканите има 35 ракометари, од кои допрва ќе се селектира кои ќе играат во сениорскиот состав на овие две средби.

Меѓу повиканите има четворица интернационалци, тоа се Мартин Томовски од Потсдам, Филип Талески од Бенфика, Мартин Карапалевски од Ваљадолид и Михаил Ивановски од Дубочица.

Нашите ракометари во првото квалификациско коло играат против Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, мечот е закажан на 6 ноември (среда) од 20:00 часот, а потоа следи гостување кај Литванија во Вилнус.