Ривера блесна, но Нант загуби од Екс Прованс

Ракометарите на Нант запишаа втор пораз во низа во француското првенство и загубија на гостувањето кај Екс Прованс со 31-29 (14-12). Третиот неуспех сезонава Лазаров и соиграчите го доживеаја по неизвесен меч во Прованс, иако важеше за фаворит. 

Македонскиот капитен, Кирил Лазаров немаше своја вечер и не блесна во нападот, каде имаше еден гол од шест обиди. Во тимот на Нант најефикасен беше Валеро Ривера со девет реализации, а шест имаше Калванти. 

Домаќинот покажа дека ќе се бори уште од стартот на натпреварот и заслужено водеше на полувреме. Иако Нант одигра добро второ полувреме, кое беше резултатски изедначено, голманот Весли Парди блесна со 15 одбрани во Екс. Кај Нант, младиот Нилсен собра 13 и го држеше својот тим во „живот“, ама на крајот сепак загубија. 

Пред Нант е гостување кај Мотор Запорожје во Лигата на шампионите за четири дена, а до крајот на годината ќе играат уште еден домашен натпревар.