Лазаров: Не сме ја заборавиле Грција, на Јапонија гледаме како на светски првак!

Капитенот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на промоцијата на новиот дрес зборуваше за претстојниот настап на Мундијалот и скромно го најави предизвикот за сениорскиот тим.

Најискусниот ракометар во ростерот на Раул Гонзалез истакна дека следниот настан е многу важен за оваа селекција, а истовремено потенцира дека има верба во младите ракометари кои се дел од најдобриот тим.

„Нè очекува нов голем ракометен настан, кој е многу важен за нашата селекција. За разлика од претходните години, одиме со подмладен состав и со многу млади играчи кои многу ветуваат и се таленти. Очекуваме во блиска иднина сите таленти да го понесат товарот и да продолжат по нашите стапки, со наша поддршка. Мислам дека ние поисксусните дадовме многу за оваа селекција. На ова првенство ќе се обидеме да го дадеме својот максимум, а ќе видиме за што тој ќе биде доволен. Сакаме да ја усреќиме пак оваа нација. Очекувам поддршка во Минхен, се надевам дека публиката ќе биде нашиот осми играч“, изјави Лазаров.

Македонија го отвора Светското првенство на 11 јануари, кога се среќава со Јапонија.

„Неблагодарно е да се прогнозира што можеме да направиме на Мундијалот, но она што го гарантирам е дека ќе играме најдобро што можеме, дека ќе го дадеме максимумот на секој меч, а ќе видиме за каков пласман ќе биде доволен тој максимум. Не сме го заборавиле оној дуел со Грција, по тој пораз сега и Јапонија делува за нас како светски првак. Мораме да останеме скромни, да работиме напорно без оглед на противникот и да одиме од натпревар во натпревар, почнувајќи од првиот дуел со Јапонците“, заврши капитенот.

На мундијалскиот собир се заминува на 9 јануари, за ракометарите да може полесно да се аклиматизираат на Минхен каде ќе ја играат групната фаза.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0