Лазаров: Не се потрошивме премногу, а в недела Полска не е Франција!

Анализата на капитенот Кирил Лазаров по поразот од Франција како сите да ја чекаа. Капитенот уште еднаш говореше мудро, анализираше и предвидуваше.

„Веруваме во победа секогаш, но немавме преголеми илузии дека можеме да ја совладаме Франција. Во првиот дел бевме одлични, но во продолжението направивме грешки во одбраната, а тие со неколку промени во таа фаза не изненадија. Финалниот исход не е реален однос на силите на овој меч. Сега треба да се одмориме и да се обидеме да ја совладаме Полска, која не е на нивото на нашиот денешен ривал. Не се потрошивме премногу и оставивме сила за тоа што следува. Главите горе и верувам дека доаѓаат подобри денови за оваа репрезентација“, изјави Лазаров. 

Капитенот одигра уште еден одличен натпревар и постигна 9 гола, во многу делови од мечот делуваше спектакуларно и радува што уште едно европско првенство, Лазаров почнува во голема форма.