Лазаров не настапи, Нант рутински го освои Кретеј

Нант им се врати на победите во домашното првенство, откако денес успеа да слави на гостувањето кај Кретеј (32-36).

Фаворитот не дозволи ново изненадување и со сериозен пристап запиша нови бодови. Македонскиот репрезентативен селектор Кирил Лазаров не беше дел од оваа средба.

Гостите на почетокот наметнаа силно темпо, кое очигледно беше проблем за ривалот. Веќе на пауза постигнаа 18 гола, а примија само девет, што доволно кажува за разликата во квалитет на двата ростери.

Идентично ефикасно Нант одигра и во продолжението. Тоа му овозможи на убедлив начин да се зацврсти на третата позиција во францускиот шампионат.

Дамартин и Балагер со по пет гола беа први стрелци за гостинскиот тим.