• Горан Упале
Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави скратениот список на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година.
Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.
Во скратениот список на селекторот се најдоа 20 ракометари, а има и осум резерви. Двата натпревари ќе ги скокнат капитенот Никола Митревски, како и левиот бек на Бенфика, Филип Талески.
Собирот се закажува за ден 3-ти Ноември 2024 година (недела) со почеток во 14.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.