Лазаров најдобар, Нант се загреваше со Трембле за Скјерн

Ракометарите на Нант го победија Трембле со 36-31 во натпревар од 21. коло на францускиот шампионат и во победничка атмосфера ќе го чекаат првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите против данскиот Скјерн.

Нант тргна одлично на стартот на дуелот и поведе со 6-2. До средината на првиот дел, домашните одржуваа предност од 3-4 голови, но гостите полека се враќаа во играа и стигнаа до водство, 13-14. Со серија од 4 голови, Нант ја врати контолата во мечот и преку Лазаров стигна до 17-14, а на пауза се замина со 18-15.

Во вториот дел набрзина тимот на Анти се одлепи на 20-15 и беше јасно дека ќе треба само рутински да го доигра мечот до крај. Трембле во ниту еден момент не се закани и Нант славеше убедливо со 36-31. Лазаров играше во најголем дел од натпреварот и беше најдобар стрелец со осум голови, а Балагер даде седум погодоци.