Лазаров меѓу најдобрите ветерани на Мундијалот во Египет

Лазаров

Откажувањето на Чешка му овозможи на Кирил Лазаров да биде дел од уште едно големо натпреварување. Оваа година капитенот одново беше лидер на Македонија на Светското првенство кое се одржа во Египет.

40-годишникот полека се подготвува за својата пензија, а на светскиот собир беше еден од најдобрите меѓу ветераните кои добија шанса за настап. Шампионатот го заврши со 28 погодоци и дополнително ја продлабочи својата легенда.

На овој турнир се појавија уште неколку играчи кои се на крајот од своите ракометни приказни. Веднаш по завршувањето на натпреварите беше објавен идеален тим со ракометари кои имаат над 35 години.

Даниел Шариќ со 43 години се најде на голот, а негова резерва е Роланд Миклер (36) од Унгарија. Мишел Гигу (39) ја држи левата крилна позиција, Раул Ентрериос (40) и Енди Шмид (37) се организатори на играта, а Ел Ахмар (37) и Лазаров (40) стојат на десната бековска позиција.

Десни крила се Абало (36), Гајиќ (36) и Сван (37), Мирхол (38) е задолжен за линијата од шест метри, а Морос (37) е специјалистот за одбрана.