Лазаров: Ќе му кажам на Раул – ако е потребно, спремен сум да играм и среден бек!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на првиот собир на ракометарите ги најави активностите и претстојниот настап на Мундијалот кој во 2019 година ќе се игра во Германија и Данска.

Најискусниот ракометар вели дека се наоѓаме во една тешка група, во која ќе влеземе со доста подмладен состав. Вели дека треба да се остане скромен во најавите пред Светското првенство, но истовремено да се работи напорно, за да се мине првата рунда.

„Се наоѓаме во една тешка група, каде имаме репрезентации коишто имаат големи и високи амбиции. Од типот на Хрватска, на Исланд, на Шпанија, која е европски првак. Тука се и две непознаници за нас, ниеднаш не сме играле со нив. На почеток сме на нов циклус, една нова репрезентација, подмладена. Прерано е да се даваат заклучоци, дали оптимистички, дали неоптимистички. Треба прво да се собереме и да тренираме. Искуството мое вели дека ако сакаме да одработиме едно Светско првенство, на кое се промени форматот, мора добро да се подготвиме и физички и психички и технички и тактички. Немаме многу време за таа работа, затоа не смееме да се влуштаме со ветувања и оптимизам“, изјави Лазаров.

Прв предизвик за Македонија ќе биде дуел со Јапонија, на 11 јануари. Лазаров вели дека ќе се гледа од меч во меч, а тимот треба да го краси една позитивна енергија која ќе се гради за време на подготовките.

„Одиме натпревар по натпревар, иако тоа звучи клише. Имаме квалитетен стручен штаб, веруваме во нив. Јас како капитен верувам и во тимот, ќе се обидам да пренесам една позитивна енергија кај младите, да ги охрабрам и да им дадам поддршка. Секој може да има лош ден, но никогаш не треба да се предаваме. Ќе има и победи и порази, сите треба да влезат во тој систем на натпреварувања и да играат и со притисок и без притисок“, додаде капитенот.

Проблем за Македонија на ова Светско првенство ќе биде позицијата среден бек, каде по долги години ќе ги немаме Миркуловски и Прибак, а на нивно место ќе бидат млади имиња. Најдобриот македонски ракометар вели дека ако е потребно, спремен е да ја понесе одговорноста и да заигра на средната бековска позиција, каде веќе оваа сезона играше во Нант.

„Јас можам да се понудам да играм како среден бек, затоа што во Нант играв оваа сезона како среден зата што сме тројца леваци. Ако веќе не оди, би застанал на среден бек. Монпелје оваа сезона играше така, па зошто да не бидеме поразноврсни за секој противник? Верувам во младите што се на оваа позиција, ќе се потрудиме да направиме добра работа“, заврши Лазаров.

Македонија ќе ги одработува подготовките во Скопје, а како дел од нив ќе одигра двомеч со Србија. Заминувањето за Германија е на осми јануари, за тимот да има неколку дена да се аклиматизира на Минхен.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0