• Мартин Танасковски
Македонскиот Куп-освојувач Алкалоид е пред нов европски предизвик. Овој пат пред полуфиналниот, каде тимот игра против Рунар Сандефјорд во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ.
Ждрепката за тимот на Лазаров донесе незгоден ривал, кој во четвртфиналето по двомеч го елиминира грчки Олимпијакос. Тренерот на Алкалоид го најави првиот натпревар во Скопје, за кој беше максимално претпазлив.
„Не очекува едден тежок меч против противник кој во изминатиот период имавме доста тешки натпревари, со квалитетни противници во лигата во рамки на плеј-офот. Доста го анализиравме Рунар, со доста материјали. Имаме доста информации кои ни покажуваат дека се работи за сериозна екипа со скандинавски стил кој не ни одговарал многу и на клупско и на национално ниво. Рунар до полуфиналето дојде со победи над квалитетни ривали како Целје, Бешикташ и Олимпијакос. Сите овие противници кои ги набројав Рунар ги елиминира во двомеч, така што не очекува доста тежок натпревар не само во Скопје, туку и во Норвешка. Пласманот во полуфиналето со македонски сили секако дека е успех, се надевам дека ќе имаме сила и енергија по тешките мечеви да излеземе на терен и да водиме тешка борба во целите 60 минути, знаејќи го нивниот стил.
Околу анализата за мечот, се занимавам со ривалите тимски, исто сакам и ние да ги подобриме нашите перформанси. Се работи за скандинавски систем, кој во текот на целите 60 минути држат страшен ритам. Повеќе од 35 гола даваат по меч и со оглед на нашиот ритам, ќе ни треба доста енергија, затоа што до завчера го подготвувавме дербито во Битола, до сега мечот во Охрид. Играчите имаат еден слободен ден, а веќе од утре ќе се спремаме за Рунар. Би бил задоволен со било каква победа во Скопје. Нека биде поголема, но би бил задоволен и со еден разлика. Затоа што колку и да победите, мора да сте квалитетни во реваншот.“, изјави Лазаров.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Рунар Сандефјорд се игра во недела со почеток од 19:00 часот.