• Зоран Мишевски
Измешани чувства на задоволство, горчина и гордост сподели капитенот Кире Лазаров со нацијата по завршувањето на мечот со Норвешка и ремито 31-31 (17-13).
„Ние Македонците како да сме за беља родени. Можеме да им направиме проблем на другите, а за нас не можеме да победиме. Жал ми е што не победивме, затоа што имавме +5 против една репрезентација како Норвешка, која се бори за медал. Горд сум на моите репрезентативни соиграчи, кои го демонстрираат секојдневно својот квалитет. Добро е сега да се анализира зошто во последните минути паѓаме, и покрај тоа што одлично тактички одигравме поголем дел од мечот“, истакна Лазаров по својот најдобар меч на шампионатот.
Нашиот најдобар ракометар со овие 11 гола од мечот со Норвешка, сега има вкупно 32 и просекот на ова првенство му е повеќе од шест гола по натпревар.