• Мартин Танасковски
Македонскиот Куп-освојувач Алкалоид ја заврши првата европска полуфинална задача. Тимот во Автокоманда заврши со резултат 42-37, а по натпреварот импресиите ги сподели тренерот Кирил Лазаров.
„Очекував тежок меч, имавме доста материјал за Рунар. Играат добро цела сезона и во лигата и во Европскиот Куп. Ги почитуваме, победивме со пет гола, но имаме седум дена да се подготвиме добро за реваншот. Сигурен сум дека реваншот ќе биде многу потежок од овој дуел. Можеби ја заслуживме победата, но не со пет гола. Можеби еден до два, но не повеќе.“, изјави Лазаров.
Реваншот меѓу Алкалоид и Рунар Сандефјорд е на 27 април од 17:00 часот во Норвешка. Таму е назначена двојката Франческо Симоне и Пјетро Монитиљо, а делегат е Хлинир Леифсон од Исланд.