ВИДЕО: Лазаров испратен како КРАЛ, Нант ѝ се поклони на ракометната легенда!

Кирил Лазаров го имаше последниот танц пред домашната публика на Нант. Во последното коло од францускиот шампионат нашиот ас имаше одлична претстава против Тулуз, а по натпреварот клубот му приреди спектакуларно збогум.

Имено, сите присутни на трибините ставија круни на своите глави, ракометарите беа облечени во специјални маици, а кога Лазаров се појави во салата го чекаше круна и кралски стол.

Вечерашната средба беше последна за Лазаров пред публиката во Нант, додека својот последен меч во кариерата ќе го одигра за три дена во финалето од Купот на Франција против ПСЖ.