Лазаров испиша историја во ЛШ – стана играч со најмногу настапи!

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, продолжи да пишува историја во Лигата на шампионите и дојде до уште еден импресивен рекорд.

Ракометарот кој ги брани боите на Нант вторпат се најде на терен против Киелце и така дојде до бројката од 250 настапи во Лигата на шампионите. Лазаров така стана апсолутен рекордер и го мина Арпад Штербик кој има 249 настапи.

Третото место му припаѓа на Тиери Омејер (240), потоа следи Никола Карабатиќ (237), па Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215), Виктор Томас (214)...

Нашиот Лазаров е рекордер по бројот на одиграни сезеони (20). 40-годишниот десен бек има една повеќе од Никола Карабатиќ кој поради повреда нема да биде дел од финишот на сезоната. Исто така Лазаров го држи и рекордот по број на постигнати голови во ЛШ.