ВИДЕО: Лазаров има „топ во рака“ и кине мрежи од десет метри и на 40 години!

Македонскиот ракометен репрезентативец и селектор Кирил Лазаров има 40 години. Многу од неговата генерација се во пензија, но тој покажува класа во дресот на Македонија и дресот на француски Нант.

Новиот „специјалитет“ од кујната на Лазаров го видовме на натпреварот против Швајцарија. Покрај добро подготвената тактика која донесе петта победа во евроквалификациите, Лазаров блесна во финишот и беше најдобар поединец во нападот.

Го постигна и еден од најдобрите голови на мечот, откако покажа дека уште има „топ во рака“ и погоди од десет метри. Портнер беше еден од најдобрите поединци на Швајцарија, но не можеше со овој проектил на Лазаров.