Лазаров и Манасков најдобри стрелци, Веспрем подобар од Нант

Унгарски Веспрем тргна успешно во новата сезона од Лигата на шампионите и славеше (24-28) на гостувањето кај Нант во Франција во рамки на првото коло.

На триумф се радуваше Дејан Манасков, против најдобриот стрелец во историјата на ЛШ, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Крилото играше во второто полувреме и постигна пет гола од шест обида, наспроти Лазаров кој имаше пет гола од вкупно девет шута.

Најдобар кај Веспрем беше токму Дејан Манасков со пет гола, исто колку и Нилсон, а Лекаи и Борозан имаа по четири гола, додека кај Нант, Лазаров и Фигуерас имаа по пет гола.

На вториот натпревар Флензбург по голема драма минимално (31-30) славеше над полскиот првак Киелце. Човек на одлука беше Согард Јохансен кој погоди во последната секунда. Најефикасен кај победникот беше Род со шест гола, а кај Киелце, Кулеш реализира осум пати.