Лазаров: Горди сме што Лино ни беше тренер, направи големи нешта за македонскиот ракомет

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонските репрезентативци денес со почеток од 18:00 часот ќе имаат можност да играат против Хрватска, на чија клупа ќе седи нашиот поранешен селектор Лино Червар.

Капитенот Кирил Лазаров во пресрет на дуелот испрати комплименти на сметка на Хрватот, кој е заслужен за појавата на голем број на таленти, кои сега се дел од селекцијата на Македонија.

„Мое мислење е дека не бевме свесни кого имавме за тренер, се додека не го загубивме. Горд сум што Лино долги години беше дел од македонскиот ракомет. Направи големи нешта за нас и нашиот ракомет, па затоа го обожаваме. Низ неговите раце поминаа две генерации на екипата на Металург. Toa што go направи во Скопје е одлично за нас и тоа никогаш нема да му го заборавиме.

Никој немаше да слушне за Талески, Нелоски, Кузмановски, Крстевски, Дрогришки, Велковски, Томовски, а ги споменувам само бековите и голманите“, вели нашиот капитен.

Двете репрезентации имаат максимален учинок по првите две кола и заедно со Шпанија се големи фаворити за местата кои водат во следната фаза. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0