Лазаров: Горд до небо на овие 16 браќа!

Кире Лазаров на мечот со Полска

Откако спласнаа емоциите по поразот со многу пресврти од Полска (23-24), капитенот Кирил Лазаров изрази подршка до групата на репрезентативци и лидерски се насочи кон најголемиот предизвик на ова европско првенство, мечот со Србија во вторник. Неговиот статус на Фејсбук профилот изгледа и како порака и подршка за соиграчите. 

„Горд до небо на овие мои 16 брака. Храбри и сплотени како никогаш со јасна цел во главата.Тоа што не нè убива ќе нè направи појаки. Ве сакам сите од срце (без емоции). Одиме напред МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА“, напиша капитенот.

Горд до небо на овие мои 16 брака !!!Храбри и сплотени како никогаш со јасна цел во главата.Тоа што не не убива ке не направи појаки...Ве сакам сите од срце (без емоции).Одиме напред МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА